Синоќа на посебна свеченост Агенцијата за Млади и Спорт (АМС) ги прогласи најдобрите спортисти за изминатата 2020 година, а целата церемонија беше организирана според сите протоколи во СЦ „Борис Трајковски“ каде беа поделени признанијата за спортистките, спортистите и спортските работници.
Очекувано, доминираа оние од фудбалот, затоа што Македонија за првпат ќе се најде на Европското првенство (ЕП) во фудбал. Горан Пандев и Вероника Костовска се спористи на годината, а награди добија Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), А-репрезентаацијата и предводникот на оваа селекција Игор Ангеловски.
Најдобрите за 2020 година според АМС:
СПОРТИСТ НА ГОДИНАТА: Горан Пандев (фудбал)
СПОРТИСТКА НА ГОДИНАТА: Вероника Костовска (карате)
НАЈУСПЕШНА ФЕДЕРАЦИЈА: Фудбалската федерација на Македонија
НАЈУСПЕШЕН ТРЕНЕР: Игор Ангеловски (фудбал)
НАЈУСПЕШЕН НАЦИОНАЛЕН ТИМ: Сениорска репрезентација фудбал
НАЈУСПЕШЕН СПОРТИСТ СО ИНВАЛИДИТЕТ: Владимир Тркаљанов (шах)
МЛАД СПОРТИСТ НА ГОДИНАТА: Роберто Ацковски (карате)
МЛАДА СПОРТИСТКА НА ГОДИНАТА: Магдалдена Божиновска (карате)