Горетцка се договори со Баерн (М)

0

Големата надеж на германскиот фудбал, Леон Горетцка и официјално од јуни ќе биде фудбалер на Баерн (М). И покрај најавите за негова можна преселба во Ливерпул или Јувентус, тој со неговиот агент сепак се одлучиле да ја прифатат понудата на Баерн (М).

На прес-конференција денеска, спортскиот директор на Шалке ја потврди информацијата за трансфер на Горетцка во Баерн (М)

„На почетокот на оваа недела Леон не информираше за можноста да го напушти нашиот клуб и да се пресели во Баерн. Вчера Румениге не извести дека Горетцка ги минал лекарските прегледи и потпишал договор со Баерн од 1 јули 2018 година. За жал, го изгубивме значајниот играч, но направивме се што е можно за да го задржиме“, изјавил Хајдел.

Share.

Leave A Reply