„Граѓаните“ го имаат најскапиот состав, ПСЖ е втор на листата

0

Манчестер Сити го има најскапиот фудбалски состав на светов, покажува последната анализа на светскиот истражувачки центар – „CIES“ Фудбалска опсерваторија.

Тренерот, Пеп Гвардиола инвестирал во текот на летото 242 милиони евра за нови играчи со што вкупната вредност на неговите фудбалери достигна 853 милиони евра. Тоа е за три повеќе од вредноста на ПСЖ кој во текот на летниот период направи рекорден трансфер со ангажманот на Нејмар и Мбапе.

Тимот на Манчестер Јунајтед кој пред една година ја предводеше листата за најскап состав, успеа да ја зголеми вредноста за скромни 66 милиони. Вкупната цена на играчите на  Мурињо изнесува 784 милиони евра  што е доволно за третото место на листата на „CIES“.

Share.

Leave A Reply