„Граѓаните“ купиле одличен дефанзивец

0

Бразилскиот дефанзивен фудбалер, Муриљо, најверојатно ќе го облече дресот на Манчестер Сити, предвидуваат медиумите во Англија.

Наводно, 22-годишниот член на Крузеиро се согласил на трансфер во Премиер лигата а неговиот тим ќе инкасира од договорот околу 10 милиони евра. Муриљо е еден од најголемите таленти во Бразил а за неговите услуги биле заинтересирани и тимовите на Атлетико Мадрид, Баерн Минхен и Монако.

Младиот Муриљо кој настапува во централниот дел во одбраната ќе биде одлично засилување за четата на Пеп Гвардиола која во наредната сезона ќе настапува во повеќе конкуренции а акцентот ќе го стави на Премиер-лигата и Лигата на шампионите.

 

Share.

Leave A Reply