„Граѓаните“ не мислат да го продаваат Агуеро

0

Манчестер Сити нема намера да се раздели со аргентинскиот напаѓач Серхио Агуеро, објави денес „Газета дело Спорт“.

Реал Мадрид и Интер го контактирале агентот на Агуеро пред неколку дена, но „граѓаните“ не сакаат да го продадат играчот. Кун Агуеро дојде во Манчестер Сити од Атлетико Мадрид во 2011 година. Оваа сезона, Серхио Агуеро одигра 30 натпревари за Манчестер Сити во сите натпреварувања, беше стрелец на 23 гола и 3 асистенции. Договорот на играчот со англискиот клуб важи до 30 јуни 2021 година.

Претходно беше објавено дека Интер го смета Агуеро како замена за Лаутаро Мартинез, кој може да го напушти клубот и да замине во Барселона.

Share.

Leave A Reply