Фудбалскиот шампион на Англија, Манчестер Сити, пријави рекорднен приход од 535,2 милиони фунти за сезоната 2018/2019.
Тоа значи дека две години по ред приходите на клубот се поголеми од половина милијарда фунти. Во претходната сезона „граѓаните“ имаа заработка од 500,5 милиони фунти.
Манчестер Сити во сезоната 2018/19 ги освои сите трофеи во Англија – титулата во Премиер Лигата, Купот на фудбалската асоцијација, Лига Купот и Супер Купот на Англија.