Претседателот на италијанската фудбалска федерација, Габриеле Гравина ги коментираше опциите за завршување на првенството.
„Нашиот апсолутен приоритет е да ги завршиме шампионатите. Нашата желба е да започнеме на 20 мај или почетокот на јуни и да заврши во јули“, изјави Гравина за италијанските медиуми.
„Дури се зборува за август и септември. Тоа би значело да го преземам ризикот од компромис за следната сезона за да се спаси оваа“, додаде тој.
Шефот на италијанскиот фудбал откри дека „Јувентус не сака административно да ја добие титулата“. Според него, играњето на неутрален терен не е добра опција: „Тоа не е добро решение, мислам дека идејата на која работиме може да биде единствено исправна“ изјави Гравина.