Гравина: Серија А може да се доигра и по 30 јуни

0

Претседателот на Италијанската фудбалска федерација Габриеле Гравина, рече дека италијанското првенство може да се доигра и по 30 јуни. Натпреварите во моментов се суспендирани поради пандемијата на коронавирус.

„Не губам надеж за продолжување на сезоната. Ќе направам се за да се случи ова. Прекинот ќе биде многу тежок за сите. Јас разбирам дека е рано да се размислува за датум, но мора да бидеме позитивни. Ќе дадеме се од себе, дури и да играме преку поддршка на УЕФА и ФИФА по 30 јуни, и да ги искористиме јули и август. Ако сезоната се откаже, тоа ќе биде мој пораз. Ова е најлошото сценарио“, изјавил Гравина.

Share.

Leave A Reply