Грег Поповиќ со уште еден нов рекорд

0

Легендарниот кошаркарски тренер на Сан Антонио Спарс, Грег Поповиќ ја обезбеди својата 22 последователна сезона со позитивен баланс меѓу победите и поразите.

Минатата ноќ, Сан Антонио Спарс победи дома против шампионот Голден Стејт Вориорс со 111:105 и има 42 победи и 29 порази од почетокот на регуларниот дел од НБА сезона.

70-годишниот Поповиќ е 5 пати шампион на НБА лигата со Сан Антонио Спарс, три пати беше избран за тренер на годината и 4 пати избран за тренер на мечот на ѕвездите. Тој е на чело на Сан Антонио Спарс од 1996 година.

Share.

Leave A Reply