Грејнџер ќе биде замена за Љуљ во редовите на „кралевите“

0

Челниците на кошаркарскиот состав, Реал Мадрид, пронајдоа замена за плејмејкерот, Серхио Љуљ,кој се повреди на пријателскиот меч со Белгија и ќе мора да го пропушти престојното Европско Првенство како и почетокот на сезоната во Шпанија.

Според „Еурохупс“, изборот на „кралевите“ паднал на 27 годишниот, Џејсон Грејнџер, кој има играно  во Шпанија во дресот на Уникаха и Естудијантес.

Црномурестиот кошаркар во претходните две години го носеше дресот на Анадолу Ефес.

Share.

Leave A Reply