Кошаркарот на Детроит Пистонс, Блејк Грифин, е пред трансфер во Бруклин Нетс. Грифин го раскина договорот со Пистонс и стана ограничен слободен агент, а негова цел е да потпише за тим кој ќе се бори за шампионскиот прстен.
Американските медиуми тврдат дека крилниот-центар ќе потпише договор со Бруклин Нетс. Потписот на шесткратниот учесник на Ол-Стар натпреварите ќе ги промовира Нетс во едни од најголемите фаворити за титулата.
Грифин е во НБА лигата од 2009 година, кога како прв пик на драфтот го избраа Лос Анџелес Клиперс.