Кошаркарите на Голден Стејт со два врзани пораза ја започнаа новата сезона во НБА лигата. Бидејќи тоа не се случило во последнава деценија, Дејмонд Грин вели дека работите треба да се менуваат експресно.
„Не верував дека ќе загубиме на таков начин. Работите се навистина лоши. Во моментов немаме идеја како да одиграме добро во одбраната. Реалноста е дека сме многу лоши во тој елемент“ – потенцирал Грин.
Кошаркарот на „Вориорс“ на натпреварот со Оклахома Сити одигра 24 минути постигнувајќи ефект од 10 поени, 5 скокови, 2 асистенции и 2 украдени топки.