Гринвуд влезе во историјата на Манчестер Јунајтед

0

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед Мејсон Гринвуд стана рекордер на неговиот клуб во европските натпреварувања, јавува Би-Би-Си.

Младиот фудбалер влезе во почетниот состав на „црвените ѓаволи“ во натпреварот од 4. коло од групната фаза од Лигата на Европа со Партизан и му помогна на тимот да оствари убедлива победа со 3:0, откако ги помина сите 90 минути на теренот.

Во исто време, Гринвуд успешно се покажа на средбата со Партизан и стана најмладиот играч во историјата на Манчестер Јунајтед, кој успеа да постигне гол и асистенција во натпревар од Европските купови. Тој во моментот на постигнување на овој гол има 18 години и 37 дена.

Манчестер јунајтед благодарение на победата на средбата со Партизан предвреме обезбеди место во плеј-офот од Лигата на Европа. Во последните две кола ќе се обидат д аго задржат првото место во групата.

Share.

Leave A Reply