Гризман, Де Јонг и Нето почнаа со тренинзи во Барселона

0

Новите засилувања на Барселона, Франки де Јонг, Антоан Гризман и Нето, започнаа да тренираат со каталонскиот тим.

Новајлиите во екипата на Барселона денес го направија првиот тренинг со своите нови соиграчи откако синоќа ги поминаат потребните фитнес тестови.

Тројцата беа пречекани со специјален шпалир од нивните соиграчи. Капитенот Лионел Меси и другите учесници во Копа Америка ќе се приклучат на тимот подоцна.

Share.

Leave A Reply