Напаѓачот на Франција и на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, тврди дека не е опседнат со мислата да ја освои наградата – „Златна топка”. Светскиот шампион заедно со Лука Модриќ, Рафаел Варан, Килијан Мбапе и Кристијано Роналдо, се вбројува меѓу главните фаворити за освојување на најголемата индивидуална награда.
„Сакам да ја освојам Златната топка. Дали се чувствувам опседнат со тоа? Не, тоа би било проблем во Франција. Луѓето тука не сакаат кога некој се стреми кон индивидуалните награди. Јас сум горд што влегов меѓу претендентите и се се надевам дека ќе ја освојам“ – вели напаѓачот.
„Се разбира дека постојат и други луѓе кои можат да јадобијат и тоа ќе биде потполно заслужено. Ќе видиме што ќе се случи ” – изјави Гризман кој деновиве имаше активности со неговата репрезентација.