Францускиот напаѓач на Барселона, Aнтоан Гризман, заработил потешка повреда на теренот на Валјадолид и најверојтано ќе мора да паузира подолг период, објавија денеска медиумите во Шпанија.
Според нив, играчот на Барса ќе мора да оди на детални лекарски прегледи за да му се утврди точниот степен на повредата и каков ќе му биде процесот на рехабилитација.
Сега останува дилемата дали Гризман откако ќе ги пропушти мечевите со Осасуна и Алавеш на 16 и 19 јули ќе влезе во списокот на Барселона за реваншот со Наполи во Лигата на шампионите кој треба да се одигра на 8 Август.