Гризман не реализираше пенал петти пат по ред

0

Французинот Антоан Гризман навистина не може да се пофали со реализација на ударите од белата точка.

Гризман беше еден од изведувачите на пенали во првото полуфинале од Суперкупот на Шпанија. Гризман можеше да стави крај на сите дилеми, но не можеше да го издржи притисокот и ја испрати топката над голот. Пред тоа, двата тима одиграа 1:1 во регуларното време и по продолженијата, но по изведувањето на пенали, Барселона победи и се пласираше во финалето.

Сепак ова беше петти пат по ред Гризман да не погоди удар од белата точка. Претходно имаше три промашувања со репрезентацијата на Франција и еднаш со Каталонците.

Share.

Leave A Reply