Напаѓачот на Атлетико Мадрид Антоан Гризман донесе одлука за својата иднина,а таа ќе ги разочара навивачите на Барселона, вели шпанското издание „АБЦ“.
Според информациите, францускиот репрезентативец одлучил да остане во Атлетико Мадрид и го споделил ова со своите роднини.
За оваа негова одлука влејаело и освојувањето на титулата во Лигата на Европа. Минатата сезона Гризман одигра 32 натпревари за Атлетико и постигна 19 гола и 9 асистенции.