Голгетерот на Атлетико Антоан Гризман одлично се чувствува на „Ванда Метрополитано“, тоа го истакна во пресрет на мечот од Лигата на шампионите против Јувентус.
„Знам дека сум важен за тимот и ќе дадам се за да му помогнем на овој клуб да оди колку што е можно подалеку во сезоната. Ние го сакаме стилот на Атлетико, нема да го промениме за ништо на светот. Токму тоа ни помага да победиме”, изјави Гризман.
„На почетокот беше тешко. Доколку сакате да стоите напред и да чекате да ви додадат топка, тоа овде не е можно. Тука треба да му помогнете на тимот, да се вратите да ја земете топката и да организирате напад. Почнуваш да сакаш да ја освоиш топката, да ја контролираш и да создадеш шанса. Ќе има два натпревари против Јувентус со многу голема тактичка работа. За нас, домашниот натпревар е со посебна страст и навивачите ни даваат посебна енергија. Доколку победиме ќе биде вистинска прослава на стадионот. Ќе дадеме сé од себе да славиме”, рече Гризман.