Ник Калатес кој настапува за Панатинаикос има намера да се врати во НБА лигата, објави денеска „ESPN“. 29-годишниот кошаркар ангажирал агент кој треба да му најде тим.
Калатес добро ја познава ситуацијата во НБА бидејќи во периодот од 2013 до 2015 година играше за тимот на Мемфис Гризлис, но, потоа одлучи да се врати во Панатинаикос. Во тековнава сезона грчкиот репрезентативец има во просек по 14,5 поени, 8 асистенции и 4 скока по натпревар.
Главната причина за желбата на Калатес да го напушти сегашниот клуб и да се врати во НБА е одлуката на раководството на Панатинаикос да ја напушти Евролига и да заигра повторно во турнирите на ФИБА кои сепак не го носат истиот престиж како најкомерцијалното европско кошаркарско натпреварување.