Грнчаров: противник по мерка

0

Фудбалерот на Вардар, Бобан Грнчаров, потенцира дека нашиот шампион може да се надигрува со Малме на стартот на квалифиакциите за ЛШ.

„Добивме противник со кого можеме да бидеме во најмала рака рамноправни.Трета година по ред играме квалификации во Лигата на шампионите и мислам дека е сега шансата да поминеме натаму. Добро е што првиот натпревар ќе го играме на гостински терен. Од денеска ќе го следиме ќе го анализираме и ќе знаеме повеќе за нашиот ривал“ изјави Грнчаров за клупскиот сајт на Вардар.

„Црвено-црната“ чета деновиве е на подготовки во Австрија. Првиот меѓу Малме и Вардар ќе биде реализиран на 11 или 12 јули во Шведска додека реваншот ќе биде седум дена подоцна во нашава земја.

Share.

Leave A Reply