Возачот на Хас, Роман Грожан, кој вчера на трката во Бахреин успеа во последен миг да го напушти запалениот болид, вели дека „хало“ системот (заштитникот во кокпитот) практично му го спасил животот. 34-годиниот возач во Формула 1, кој беше хоспитализиран со видливи повреди на рацете, по пат на социјалните мрежи испрати порака до фановите.
-Здраво на сите. Сакам да ви кажам дека сум добро. Ви благодарам за пораките. Да не беше „хало“ системот, една од најдобрите кои беа воведени, веројатно немаше да бидам тука пред вас“ – стои во објавата на Грожан.
-Благодарам и до медициснкиот тим во болницата како и до луѓето на патеката. Се надевам дека наскоро ќе можам да ви одговорам на пораките“ – напиша Грожан.