Возачот во Формула 1, Ромен Грожан, кој беше хоспитализиран по трката во Бахреин поради изгореници на прстите, денеска ја напушти болницата.
По инцидентот, кој ја одложи трката за речиси 80 минути, Грожан беше пренесен во Воената болница во главниот град на Бахреин, Манама. Тој сега заедно со тимот ќе остане во Бахреин и ќе се подготвува за Абу Даби.
Самиот возач нагласи дека сака да се врати во болидот иако последниот збор ќе го имаат лекарите. Грожан сепак ќе мора да ја прескокне викенд трката во Сахир. Неговото место ќе го заземе Пјетро Фитипалди.