Ракометарите на Исланд секако дека останаа разочарани по поразот од Македонија на вчерашниот дуел во Рејкјавик. Исландскиот репрезентативец, Арнор Гунарсон по мечот, го посочи главниот проблем за домашната репрезентација:
„Не реши пикерот од 140 килограми! Беше тешко да се чува кога ја има топката в раце. Едноставно не смеевме да дозволиме да примиме 34 гола дома. Одбраната беше добра на почетокот на натпреварот, се мачеа да поминат, но потоа ја сменија тактиката и ги најдоа дупките во дефанзивата. Тој и одбраната нè убија“, изјавил Гунарсон.