Швајцарската скијачка, Лара Гут-Бехрами, по нешто повеќе од две години дојде до победа во Светскиот Куп во алпско скијање откако беше најдобра во денешниот спуст возен на патеката во италијанскиот зимски центар, Кран Монтана.
Нејзината сонародничка, Корин Зутер, задоцни 80 стотинки и го освои второто место а трето-пласирана заврши Австријката, Стефани Вение, со заостанување од 92 стотинки.
Во генералниот пласман за Светскиот Куп води Американката Микаела Шифрин со 1.225 бодови, пред Федерика Брињоне од Италија, која освои 1.148 и Петра Влхова од Словачка со 1.121 бод.