Гвардиол: треба да мислиме на играчите

0

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола,  вели дека пребогатата програма на предвидени мечeви во една сезона како и тековните бројни репрезентативни настапи на дел од неговите фудбалери, штетно ќе влијае врз тимот.

„Мислам дека тоа е лудило, порано или подоцна ќе ги убиеме нашите играчи, тоа не може да трае долго време. Тие немаат време да се одморат бидејќи настапуваат на многу турнири” – рече шпанскиот специјалист. Како пример ќе издвоиме дека Ријад Марез  со селекцијата на Алжир неодамна настапи на Африканскиот куп на нации додека  фудбалерите од Јужна Америка исто такаа имаа богата активност во текот на летото.

Манчестер Сити ќе игра против Ливерпул за трофејот „Шекспир“ на 4 август кога практично ќе се отвори сезоната во Англија.

 

Share.

Leave A Reply