Гвардиола: „Де Бруин може да го пропушти градското дерби“

0

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола очекува Кевин де Бруинј да го пропушти градското дерби наредната недела, откако беше принудно заменет за време на вчерашната победа со 1:0 над Тотенхем.

Натпреварот помеѓу двата тима од Манчестер е во среда, а Белгиецот го напушти теренот во 38-та минута, а беше заменет од Фернандињо. Тој се обиде да шутне и веднаш седна на тревата, по што веднаш беше заменет.

„Лекарите имаат одредени очекувања и знаат за што станува збор, но повеќе информации ќе бидат достапни во текот на денов. Сезоната најверојатно нема да биде успешна, но ќе видиме дека ќе заврши со високи перформанси на домашната сцена. Имаме 86 поени, што е помалку во однос на 100-те поени кои ги освоивме минатата година. Вчерашниот ривал Тотенхем е неверојатен тим, додека противникот за титулата Ливерпул е најдобриот тим воопшто, изјави Гвардиола. Проблемот на Кевин е мускул. Сè уште не е познато колку време ќе биде отсутен. Можеби во среда нема да сметаме на него “, рече шпанскиот тренер.

Share.

Leave A Reply