Гвардиола ги тешеше играчите на Брајтон

0

Фудбалерите на Манчестер Сити вчера славеа убедливо со 9 спрема 0 во првиот меч против Брајтон во рамките на англискиот Лига куп.

Третолигашиот  направи огромно изненадување со пласманот во полуфиналето, но, тука налета на разиграната чета на Пеп Гвардиола која реално гледано немаше милост и одигра максимално професионално. Шпанскиот стратег по мечот се обидел да им каже неколку зборови на гостинските играчи кои тешко го прифатија катастрофалниот пораз на стадионот „Етихад“.

„Сакав да им честитам на играчите на Брајтон за тоа што стигнаа до тука во натпреварувањево. Го заслужуваат  нашиот респект и морав да им оддадам почит“ – потенцираше Гвардиола.

Share.

Leave A Reply