Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, во текот на летото има намера да го купи фудбалерот на Баерн Минхен, Тиаго Алкантара, објави денеска – „Дејли Меил“.
Според наведеното, менаџерот ќе се обиде да дојде до потписот на Алкантара кој пред неколку години ја напушти Барселона токму заради Пеп кој сакаше играчот да стане значаен дел од неговиот проект на „Алијанц арена“. Гвардиола сега бара нов играч во средниот ред како евентуална замена за Силва и Јаjа Туре кои имаат повеќе од 30 години.
Шпанскиот интернационалец има постигнато 12 голови во Бундеслигата. Тиаго Алкантара има договор со Баварците до 2021 година и нема индикации дека клубот ќе се согласи да го продаде.