Гвардиола:„ Не сум сигурен дека Жесус ќе игра до крај на сезона“

0

Напаѓачот на Манчестер Сити Габриел Жезус кој го започна на одличен начин својот престој во Англија, се соочува со опасноста да не игра повеќе до крајот на сезоната.

Бразилецот беше подложен на операција поради фрактура на метатарзалната коска, а менаџерот на „граѓаните” Пеп Гвардиола призна дека не знае колку точно ќе отсуствува Жезус.

„Не знам дали Габриел ќе игра повторно во оваа сезона. Велат дека може да отсуствува два или три месеци. Синоќа тој беше подложен на операција, која помина многу добро. Најважно сега е да се рехабилитира добро. Кога ќе биде подготвен, ќе се врати, но не знам дали тоа ќе биде за оваа или за следната сезона”, изјави Гвардиола.

Share.

Leave A Reply