Гвардиола: Нема да го потцениме Базел во реваншот

0

Фудбалерите на Манчестер Сити синоќа победија со 4:0 кај Базел и направија голем исчекор кон 1/4 финалето во Лигата на шампионите. Тренерот на англичаните, Пеп Гвардиола, не крие дека е задоволен од прикажаното.

„Имаме одличен резултат и речиси сме квалификувани за четвртфиналето. Елиминациската фаза никогаш не е лесна. Ќе го дадеме максимумот и на реванш“ – изјави Пеп кој беше презадоволен од изданието на Илкај Гундоган.

„Гундоган е неверојатен фудбалер. Минатата сезона  пропушти многу натпревари поради повреда. Сега сме многу задоволни од неговата игра“ – потенцираше тренерот на Манчестер Сити.

 

 

Share.

Leave A Reply