Гвардиола: „Убаво би било со ФА трофеј да го дочекаме мечот со Реал“

0

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола ги сподели своите очекувања за натпреварите со Арсенал во полуфиналето од ФА Купот и Реал Мадрид во 1/8 финалето на Лигата на шампионите.

„После поразот против Челзи, задоволни сме што повторно ќе играме на „Вембли“ во Лондон. Имаме средба со Арсенал во полуфиналето на ФА Купот. Имаме шанси да стигнеме до финалето на турнирот. Освојувањето на трофејот во ФА Купот е неверојатен момент што ќе ни даде дополнителен стимул. Имавме разговор по она што се случи во Премиер лигата, потребни ни се уште две победи за да се пласираме во ЛШ. Можеме да освоиме уште два турнира. Би било убаво да се дојде до вториот натпревар со Реал Мадрид во одлична форма. Победата во ФА Купот ќе биде најдобрата подготовка за оваа средба“, рече Гвардиола за „Скај Спорт“.

Да потсетиме дека во првиот натпревар од 1/8 финалето на Лигата на шампионите, Манчестер Сити го совлада Реал Мадрид  на „Сантијаго Бернабеу“ со резултат 2:1. Реванш средбата ќе се одигра во Манчестер на 7 август.

Share.

Leave A Reply