Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, утре ќе го запише 700 –от меч во тренерските води. Шпанецот најави дека сака долго да остане активен и дека е задоволен од сегашната бројка.
„700 натпревари! Да направам уште 700 а потоа ќе се повлечам. Направивме неверојатни работи заедно со сите во клубот, се надевам дека ќе продолжиме да го правиме тоа и во иднина” – изјави Гвардиола.
Тренерот на граѓаните“ најави дека Серхио Агуеро нема да се појави на утрешниот меч со Фулам во Премиер лигата.