Хадсон-Одои игра одлично во националниот дрес

0

Добрите игри на Калум Хадсон-Одои во националниот тим на Англија ги натераа медиумите да направат анализа и да го критикуваат неговиот тренер во Челзи, Маурицио Сари.

Калум ги одигра двата меча за селекцијата на  „Гордиот Албион“ во новиот циклус квалификации за Европското првенство а на дуелот со Црна Гора беше меѓу стартерите. Според анализата, 18-годишниот играч не започнал во дресот на Челзи од првата минута во Премиер лигата во тековнава сезона.

„Кариерата на Калум оди наназад поради неподготвеноста на Сари да најде место на талентираниот играч во шемата на Челзи. Неговото деби за Англија донесе радост за Герет Саутгејт и во исто време непријатност за Италијанецот. Играта на Калум во Подгорица и неговото однесување како на зрел човек и покрај сите расистички напади, покажуваат дека е фудбалер од висока класа”, анализира ВВС.

Share.

Leave A Reply