Халанд ја доби наградата за најдобар млад играч

0

Годинешен добитник на престижната награда „Златно момче“ за најдобар млад играч во Европа е Ерлинг Халанд. Фудбалерот на Борусија Дортмунд е освојувач на наградата која премиерно беше доделена во 2003 година од страна на торинскиот весник „Тутоспорт“.

Норвешкиот напаѓач славеше во конкуренција на младиот Ансу Фати од Барселона, односно Алфонсо Дејвис од Баерн. Наградата ќе му биде врачена на 14 декември годинава во Торино, Италија.

Share.

Leave A Reply