Халеп комплетно опоравена за Индијан Велс

0

Романката Симона Халеп е подготвена за настап на Мастерсот на Индијан Велс. Светскиот рекет бр. 4 по повредата на коленото на турнирот во Ст. Петерсбург најави дека едвај чека да се појави на терените.

„Се обидов да не мислам на тенисот, но тоа е невозможно. Јас сум зависник од овој спорт. Ја сакам оваа игра, ја сакам конкуренцијата. Едвај чекам да заигра“, изјави таа пред новинарите во САД.

Шампионката од 2015 година рече дека засега не сака да зборува за очекувањата од настапот во Индијан Велс, затоа што размислува само за добро преставување по повредата на коленото.

Share.

Leave A Reply