Хамес одбил 50 милиони евра од кинески Хебеи

0

Играчот од средниот ред на Реал (М), Хамес Родригез, го одбил предлогот на кинескиот тим Хебеу за трансфер во тамошната Супер лига. Првиот тренер на Хебеи, Чилеанецот Мануел Пелегрини, изјави дека е сериозно заинтересиран за Хамес, но очигледно за Колумбиецот, Кина не е предизвик.

Медиумите во Шпанија шпекулираат дека агентот на Хамес добил понуда 10 пати поголема од онаа која напаѓачот ја зема во моментов во Шпанија. Ако се знае дека хамес моментно заработува по 5 милиони евра годинишно, јасно е дека понудата од Хебеи била вртоглава.

Во текот на оваа сезона, Хамес постојано е мета на шпекулации околу неговата иднина, со оглед на тоа што играше само на 9 меча за тимот во досегашниот дел од сезоната. На само 4 од нив беше стартер.

Share.

Leave A Reply