Хамилтон бил со измешани чувства откако ја освои титулата

0

Пилотот на Мерцедес во Формула 1, Луис Хамилтон, откри дека неговиот дедо починал само неколку денови пред трката во Мексико кога успеа да ја освои и петтата светска титула.

Британецот го израмни рекордот на Хуан Мануел Фанџо и сега пред него стои само иконата на Формула 1, Михаел Шумахер кој има седум титули. Луис откри со публикација на социјалните мрежи дека празнувањето му било во втор план поради смртта на неговиот дедо.

„Всушност, тоа беше многу тежок викенд, бидејќи дедо ми почина во четвртокот.Тој го собираше целото семејство заедно. Никогаш нема да го заборавам тоа што го направи за мене, за да бидам сега тука. Сакам да бидам како него – силен маж како татко и човек. Знам дека мојот дедо би бил многу горд на мене и дека би бил задоволен бидејќи моето име влезе во историјата”, напиша Хамилтон кој ја посвети петтата титула на неговото семејство.

Share.

Leave A Reply