Возачот на Мерцедес во Формула 1, Луис Хамилтон, е прогалсен за најдобар спортист во Европа од страна на новинските агенции на стариот континент.
Традиција која трае цели 62 години, по трет пат му го донесе тоа признание на актуелниот шампион кој во Ф1 со пет титули е на само еден чекор до изедначување на рекордот на легендарниот, Михаел Шумахер.
Во рангирањето веднаш за Хамилтон се смести светскиот тениски рекет број еден пред Рафаел Надал (Шпанија) и скијачот од Австрија, Марсел Хиршер. Натаму се наредени: Новак Ѓоковиќ (тенис), маратонката Хасан и фудбалерот на Ливерпул, Ван Дајк……