Хамилтон доминантен на домашен терен

0

Трикратниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон четврта година по ред е победник на трката за ГН на Велика Британија.

Со оваа победа Хамилтон успеа со пет трофеи на оваа патека да се изедначи со легендарните Алан Прост и Џими Кларк кои исто така имаат по пет победи на „Силверстоун“.

Возачот на Мерцедес стартуваше од пол-позицијата и во ниту еден момент неговото прво место не беше загрозено. На крајот на трката зад Хамилтон помина низ целта неговиот клупски колега Валтер Ботас, додека трет заврши возачот на Ферари, Кими Раиконен. Водечкиот во генералниот пласман Себастијан Фетел

поради проблеми со болидот ја заврши трката на седмото место. По оваа трка во генералниот пласман сè уште прв е Фетел, но сега има само еден бод предност пред Хамилтон, додека третата позиција и  понатаму ја има Валтери Ботас.

Share.

Leave A Reply