Британецот, Луис Хамилтон, со вчерашната победа на патеката во Унгарија во Формула 1, направи предност од 24 бодови во однос на Себастија Фетел на челната позиција во рангирањето кај возачите. Тој веднаш по трката реализирана на патеката – „Хунгароринг“, изјави, дека сите во екипата на Мерцедес мора да бидат задоволни.
„Знаевме дека болидите на Ферари ќе бидат многу брзи на патеката во Унгарија. На крајот сепак освоивме бодиви кои не ги очекувавме. Тоа е бонус за нас“ – вели Хамилтон кој се осврна на последните неколку трки.
„Мислам дека имавме неколку добри возења и затоа успеавме да победиме. Мора да бидеме презадоволни. Очекувам така да продолжиме и во вториот дел од сезоната“ – потенцираше лидерот во генералниот пласман во Формула 1.