Возачите на Мерцедес, Луис Хамилтон и Валтери Ботас, обезбедија најдобри времиња на денешните квалификациите за утрешната трка во Формула 1 која ќе биде возена за Големата награда на Италија на легендарната патека – „Монца“.
Британецот имаше резултат 1:18.887 минути со што успеа да постави рекорд. За Хамилтон, тоа е 94-та пол позиција во кариерата. Неговиот клупски колега Ботас, заврши втор додека Карлос Саинц имаше трето најдобро време.
Натаму следуваат: Серхио Перез, Макс Верстапен, Ландо Норис, Даниел Рикардо, Ленс Строл, Алекс Албон и Пјер Гасли.