Хамилтон и Ботас ќе имаат пробни возења

0

Формула 1 тимот на Мерцедес најави дека наредната недела ќе има тест возење на патеката –„Силверстон“.

Тоа значи дека Луис Хамилтон и Валтери Ботас ќе возат болиди од 2019 година бидејќи правилата не дозволуваат да се користат возила од тековната година. Ботас треба да биде активен во вторник додека Хамилтон в среда.

Целиот настан ќе биде споведен според протоколите за заштита од Ковид-19. Формула 1 најави дека сезоната ќе стартува со двете трки во Австрија на 5 и 12 јули.

 

Share.

Leave A Reply