Хамилтон и понатаму доминира, уште една пол-позиција

0

Луис Хамилтон кој ја освои шампионската тиула во Ф1 шампионатот  продолжува со одличните настапи оваа сезона, која е пред самиот крај.

Возачот на Мерцедес денес стигна до уште една нова пол-позиција, откако во квалификациите за ГН на Обединетите Арапски Емирати во Абу Даби имаше најдобро време.

Хамилтон беше најбрз во квалификациите со време од 1:34:828, , а неговиот клупски колега Валтери Ботас, иако имаше второ најдобар настап нема да стартува од таа позиција, затоа што поради промената на моторот е казнет и ќе го има последно стартно место.

Така, до Хамилтон ќе биде Макс Верстапен, додека од вториот ред ќе стартуваат возачите на Ферари, Шарл Леклер и Себастијан Фетел. Утрешната трка за ГН на Абу Даби, е последна од овосезонската програма на Формула 1 шампионатот, а ќе стартува од 14:10 часот.

Share.

Leave A Reply