Возачот на Мерцедес и петкратен шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, ја запиша својата деветта победа оваа сезона и 82. во неговата кариера, откако победи на патеката „Сочи“ каде се возеше за ГН на Русија.
На втората позиција заврши неговиот клупски колега Валери Ботас, додека трет беше возачот на Ферари, Шарл Леклер, кој тргна од пол-позицијата, но неуспеа да остане таму на финишот од трката. Младиот Французин направи грешка при првата кривина и првото место му го препушти на Фетел, кој не ги послуша советите од боксот да го препушти својот колега и тој да ја води трката.
На тој начин, Леклер не успеа да ги издржи нападите на Луис Хамилтон и Ботас и ја препушти лидерската позиција на двоецот на Мерцедес. За разлика од Леклер, Себастијан Фетел не ја заврши трката поради дефект на болидот во 28. круг. Бодови на оваа трка уште освоија Верстапен, Албон, Сајнц, Перез, Норис, Магнусен и Хилкенберг.