Хамилтон, Маркез и Ожие со признанијата на „Аутоспорт“

0

Четирикратниот светски шампион во Ф1, возачот на Мерцедес Луис Хамилтон доби две награди на годишната церемонијата на доделувањето на авто-мото наградите на магазинот „Аутоспорт“. Луис победи во гласањето на фановите за најдобар возач за 2017-тата, како иво категоријата најдобар британски пилот.

Покрај Хамилтон, номинации во ова акатегорија имаа и Себастијан Фетел, Фернандо Алонсо, Макс Верстапен и шампионот во Формула Е, Лукас ди Граси, како и победникот на ИндиКар, Џозеф Нуигарден.

Во конкуренција на мотоциклисти, признанието отиде во рацете на Марк Маркез, кој наградата ја освојува веќе втора година едноподруго. Францускиот рели возач Себастијан Ожие, пак ја освои награда во конкуренција на најдобрите рели возачи. Ова за Ожие е награда за петтата титула во WRC шампионатот.

Share.

Leave A Reply