Хамилтон најдобар на „Сузука“ и поблиску до титулата

0

Луис Хамилтон победи на 16-та трка оваа сезона од Формула 1 шампионатот, возена на патеката „Сузука“ за ГН на Јапонија.

За Хамилтон ова беше негова осма победа оваа година или вкупно 61-ва во кариерата, а со неа се доближи до нова шампионска титула.

Луис Хамилто водеше од самиот почеток на трката, за разлика од неговиот најголем ривал, Себастијан Фетел, кој поради проблеми со моторот по само три круга мораше да се паркира во боксот и дополнително да ги намали шансите за освојување на шампионатот. На второто место на оваа трка се пласира Макс Верстапен, а на третата позиција заврши Даниел Рикардо.

Бодови уште освоија Финецот Валтери Ботас, неговиот сонародник Кими Раиконен како и Окон, Перез, Магнусен, Грожјан и Маса.

Во генерален пласман во водство е Луис Хамилтон со 306 бода, пред Себастијан Фетел со 247 поени. До крајот на шампионатот има уште четири трки, а наредната се вози на 22 октомври за ГН на САД.

Share.

Leave A Reply