Хамилтон обезбеди нова пол-позиција

0

Возачите на Мерцедес доминираа на денешните квалификации за утрешната трка за Големата награда на Јапонија во Формула 1 шампионатот.

Британецот, Луис Хамилтон, имаше најдобро време  пред клупскиот колега Валтери Ботас кој поради промена на менувачот ќе стартува пет места поназад. Себастијан Фетел од Ферари се избори за третата стартна позиција додека зад него се пласира: Даниел Рикардо од Ред Бул, Макс Верстапен (Ред Бул) и Кими Раиконен (Ферари).

Во конкуренција на возачи води Хамилтон со 281 бод, пред Фетел со 247 а трет е Ботас со 222.

 

Share.

Leave A Reply