Хамилтон откри дека многу научил од Алонсо

0

Возачот на Мерцедес кој е четирикратен светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, изјави дека единствениот колега од кого научил нешто е Фернандо Алонсо.

Двајцата беа партнери во Мекларен во 2007-ма година кога Бртитанецот дебитираше во шампионатот. Тој вели дека лекцијата што ја добил тогаш од Шпанецот му помогнала да го победи Себастијан Фетел во тековнава сезона.

„Веројатно единствениот мој колега  од кого научив нешто е Фернандо Алонсо. Тоа беше во текот на мојата прва година во Формула 1. Потоа стекнав одредено искуство и никогаш не почувствував потреба да земам нешто од друг возач. Секогаш сакам да ги развијам моите способности” – рече Хамилтон.

 

Share.

Leave A Reply