Хамилтон: Оваа сезона во Формула 1 ќе биде најтешка

0

Актуелниот светски шампион во Формула 1, пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон во пресрет на почетокот на сезоната сними видео-порака до фановите. Во неа, тој ги сподели очекувањата од новата сезона.

„Ние се обидуваме најдобро да се подготвиме за сезоната, што ќе биде најтешката во историјата на Формула 1. Сите се соочивме со тешки времиња и промени. Сакам да ви се заблагодарам на сите за позитивните пораки, тие навистина ни помогнаа во последните два месеци. И на тимот, и лично на мене. Возењето пред празните трибини нема да мотивира, ќе се чувствуваме осамени. Но, ќе се сетиме на вас фановите. Продолжете да нè поддржувате и останете позитивни“, рече Хамилтон.

Ф1 сезоната започнува на почетокот на јули на Ред Бул ринг во Австрија.

Share.

Leave A Reply